Дали граничните премини ќе престанат да се сива зона за трансграничен криминал и корупција?

Шверц на дрога, сомнежи за коруптивни дејства при увоз на пелети, лажните фактури за увоз на овошје и зеленчук се само дел од елементите на корупција кога ќе се спомене Царинската управа и трансграничниот криминал кој според параметри на светските финансиски институции од земјава испумпуваат меѓу 1, 2 и 1, 4 милијарди евра.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски го прашавме како ќе се справи со овој феномен на граничните премини, возврати дека останува заложбата да се сузбие иако,рече дека има службеници кои се професионалци и има кои се склони кон вакви влијанија.

Граничниот премин на табановце е еден од најфрекфентните во земјава, токму на овој премин често знаат да се спроведуваат акции кога се појавуваат изразити сомнежи на мито и корупција. На Табановце огромен е бројот на возила кој гравитираат, меѓу нив се и камионите кои транспортираат различни стоки. Билјана Муратовска која денеска се сретна со директорот на Царинската управа рече дека секое скратување во времето на чекање е во полза на транспортерите.

Друг проблем покрај корупцијата на граничните премини е честото паѓање на системот со што се случува застој со часови но ова некои го користат како мегдан за коруптивни дејанија. Но, покрај учеството на царинските службеници во коруптивни дејства има и професионалци кои допринесуваат кон намалување на праксата на мито и корупција на граничните премини. Пред само три дена, службениците спречија нелегален изнес на девизи на граничен премин Блаце во износ од 7.800 евра, а ден потоа бил спречен обид за нелегално изнесување на девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра.

Податоците на Царинската управа покажуваат и дека во 114 случаи, биле запленети 8 тони дроги и психотропни супстанци, како и девизи, злато и акцизна стока со вредност од над 2 милиони евра.

Но сепак, јавноста сведочи и на акции каде командир, заменик-командир, раководител на смена и шест полицајци беа уапсени токму на Табановце поради злоупотреба на службената положба и овластувањата и поткуп.