Дали европските избори ќе влијаат на проширувањето на ЕУ?
Белгиското претседавање со ЕУ, пред изборно жонглирање – ќе остане ли проширувањето во фокусот?
На 1ви јануари претседателството со ЕУ се врати во срцето на Европа, но новиот 6 месечен претседавач, Белгија, се соочува со низа предизвици- европски и белгиски избори и закана за отцепување на Фландрија. Под бремето на новата компликувана ситуација - Западен Балкан и Македонија пак се надеваат на бриселски приоритет и отворена европска врата.
Марко Трошановски Институт за демократија – Иако десничарите се во подем, сепак не очекувам дека тоа ќе влијае на агендата на проширување, особено што во контекст на војната во Украина, тоа е високо на агендата на приоритетите, иако може да има дебати во таа насока, мислам дека ќе се фокусираат на миграцискоте политики, отколку на проширувањето. Секако ќе се фокусираат и на внатрешната реформа на Унијата и може да ја забави и одогловлечи.
Заштита, јакнење и подготвка е мотото на новиот претседавач со ЕУ. Експертите во следните 6 месеци, во пресрет на европските избори, очекуваат и зајакнување на десничарскиот наратив меѓу ЕУ членките, кој дополнително ќе влијае на политиките во самата Унија.
За Македонија и Албанија, пакетот кој овој декември остана во европската чекалница, велат, дека е се поизвесно дека ќе остане да чека и во следните 6 месеци..
Два дена, пред Белгија да ја преземе палката за претседавање со ЕУ, белгиската амбасадорка во Србија порача дека ќе се работи интензивно со западен Балкан. Тогаш бугарскиот европратеник и известувач за Македонија Ќучук, порача дека се очекува Албанија да ги стартува суштинските преговори со ЕУ во март или април, а Македонија да остане во групата со Косово и Србија.

