Дали Еуростандард банка е организиран криминал во кој ќе изгорат 60 милиони евра?
Foto

Дали Еуростандард банка е организиран криминал во кој ќе изгорат 60 милиони евра?

Додека Македонија се занимава со теми од широк национален интерес, некако странично изминува можеби најголемата банкарска афера во самостојна Македонија – пропаѓањето на Еуростандард банка.

Судот на барање на обвинителството го замрзна имотот и парите на поранешниот сопственик на банката Трифун Костовски, во отворената истрага за Еуростандард. Како се делеле кредити, зошто голем дел од нив биле без покритие? Дали станува збор за организиран криминал во кој ќе изгорат 60 милиони евра, пари на коминтенти и депоненти на банката?

Во 24 анализа на оваа тема дебатираме со сопственикот Трифун Коствски, поранешниот директор на банката Николче Петковски, претставник на штедачите на банката Љуљзим Селами и шефот на финансиската полиција Зрафат Муареми.

0 Коментари

Остави коментари