Дали е на повидок нов проблем со Бугарија: Софија бара отфрлање на обвинувањата против претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“
Во исчекување на пресудата на Основниот суд во Битола за случајот на претседателот на згаснатиот бугарскиот клуб Ванчо Михајлов денеска со соопштение се јави и Бугарското МНР каде велат дека во овој случај гледаат борба за рамноправност на бугарите во Македонија . Во дописот се наведува:
„Бугарија очекува фер судска одлука и отфрлање на неоснованите обвинувања против Љупчо Георгиевски претседател на клубот . Сепак, оваа правда, за жал, нема да ги избрише последните години на огромен стрес и нарушен личен живот на македонскиот Бугарин. Суштината на институционалниот притисок што се врши не е само конечниот резултат, туку и неповратните последици од целиот процес на негово спроведување. Како и досега, Министерството за надворешни работи ќе продолжи да инсистира, вклучувајќи и ангажирање на своите партнери од ЕУ за да се запре овој притисок врз бугарската заедница во Северна Македонија.“
И додека официјална Софија води грижа за бугарите во Македонија премиерот Христијан Мицкоски денеска праша каде се исчезнати 200 илјади македонци во Бугарија во 40 тите и 50 тите години . И дека како Влада и ние имаме прашања на кои сакаме да добиеме одговори .
Во средата, на 21 мај, во Основниот суд во Битола заврши двегодишниот судски процес против битолчанецот Љупчо Георгиевски, претседател на згаснатиот клуб во Битола. Судењето го покрена Основното јавно обвинителство Битола за кривични дела поврзани со предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем, или народски кажано за величење на ликот и делото на контроверзниот водач на ВМРО Иван Михајлов . Обвинетиот Љупчо Георгиевски во текот на судењето кажа дека е Бугарин, со два пасоша, македонски и бугарски, и досега не е осудуван; семеен човек. Тој рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари.