Дали апсењето на Јанева ќе ја блокира работата на СЈО?
Foto

Дали апсењето на Јанева ќе ја блокира работата на СЈО?

Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штеријев и официјално испратил писмо до државниот обвинител Љубомир Јовески и шефицата за гонење на организиран криминал Вилма Рускоска да достават информација за статусот на шефицата на СЈО Катица Јанева.

Во краток телефонски разговор за ТВ 24 вели по добивањето на одговор ќе свика седница за отпочнување на постапката за разрешување во разумен рок. Доколку почнат таква постапка во тој случај Советот ќе треба да достави до парламентот извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување.

Со слично процедурално објаснување пак и Претседателот на собраниската комисија за избори и именувања Илија Димовски кој вели дека не може да биде назначен привремен или В.Д специјален јавен обвинител додека не истече мандатот на се уште актуелниот во случајот притвоената и осомничена во „Рекет“, Катица Јанева.

Димовски повикувајќи се на специјалниот закон појаснува дека тој е јасен и не постои никаков правен вакум во делот на разрешувањето и назначувањто на нов специјалниот јавен обвинител. Сепак појаснува дека во исто време не може двајца обвинители истовремено да ја вршат оваа функција. 

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески пак вчера рече дека ако Јанева е спречена да ја извршува функцијата, тогаш на потег е Советот на јавни обвинител, кој треба да постави в.д. шеф на СЈО, од редот на обвинителите во оваа институција. Притоа, Јовески се повика на одредбата од Законот за СЈО во која се вели дека за се што не е регулирано со овој закон, се применуваат одредбите од Законот за јавното обвинителство.

Но, шефот на Советот на обвинители различно ги чита одредбите, особено од Законот за јавното обвинителство. Во законот за СЈО не е предвидена замена за Катица Јанева ниту е утврдена постапка за избор на нов шеф. Јанева од синоќа е во триесетдневен притвор како осомничена за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“ и практично е оневозможена да ја извршува функцијата шеф на СЈО.

0 Коментари

Остави коментари