Далас обезбеди директен пласман во плејофот
Foto

Далас обезбеди директен пласман во плејофот

По победата над Торонто со 114:110 остварена ноќеска на домашен терен, кошаркарите на Далас маверикс го обезбедија најмалку 6. место на табелата во Западната конференција на НБА.

Со овој пласман, Маверикс го избегна плејин турнирот и има гарантирано учество во плејофот. На плејин турнирот учествуваат екипи кои се најдоа од 7. до 10. место на табелите на Западната и Источната конференција.

Покрај Далас, место во плејофот од Запад, досега изборија и: Јута, Феникс, Лос Анџелес клиперс и Денвер.

Во плејин сигурно ќе играат Сан Антонио, Голден стејт и Мемфис, додека Лос Анџелес лејкерс и Портланд претендираат на последното место кое носи директно учество во плејофот.

0 Коментари

Остави коментари