Далас ја прекина серијата на Милвоки од 18 победи
Foto

Далас ја прекина серијата на Милвоки од 18 победи

Победничката низа на кошаркарите на Милвоки која траеше 18 натпревари заврши ноќеска, а „виновник“ за тоа е тимот на Далас кој триумфира на теренот на ривалот со 120:116.

Ниту 48 поени и 14 скока на Јанис Адетокунбо не беа доволни Милвоки да го избегне поразот.

Резултати на натпреварите од НБА лигата играни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Детроит – Вашингтон 119:133

Торонто – Кливленд 133:113

Хјустон – Сан Антонио 109:107

Мемфис – Мајами 118:111

Милвоки – Далас 116:120

Оклахома сити – Чикаго 109:106

Феникс – Портланд 110:111.

И покрај поразот, Милвоки е лидер во поредокот на Источната конференција со биланс 24-4 (победи-порази). Филаделфија има 20-8, Бостон е трет со 17-7.

На Запад води Лос Анџелес лејкерс со 24-3, Лос Анџелес клиперс има ефект 20-8, Далас е трет со 18-8.

0 Коментари

Остави коментари