Дала ли зелено светло Македонија за предлог со кој бугарските барања стануваат европски?

Дел од бугарските барања се во преговарачката рамка, ама тоа не е на штета на државата, документот е резултат на консултации со Скопје и Софија. Официјален Париз вчера од Луксембург го кажа тоа што го премолчува Владата. Дала ли зелено светло Македонија за предлог со кој бугарските барања стануваат европски? Димитар Ковачевски не може веќе да се крсти дека Бугарија ќе го одбие тоа што тој го прифатил во преговорите, откако Бојко Борисов најави поддршка. Како може за Македонија да е прифатливо нешто што е и за Румен Радев кој е прв во оспорувањето на македонските национални интереси? Владата на Петков се држи на конец - ќе преживее ли? Ќе ја урне ли францускиот предлог македонската Влада? Дел од коалициските партнери на Ковачевски јавно му откажувват поддршка доколку пружи рака за формулациите на официјален Париз?
 
Дебатираат поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев, поранешниот амбададор во НАТО Нано Ружин и Марко Трошановски од Институтот за демократија Социетас Цивилис.