Дафина Стојаноска: Павле Богоевски мора да си поднесе оставка
Foto

Дафина Стојаноска: Павле Богоевски мора да си поднесе оставка

„Павле Богоевски мора да си поднесе оставка како пратеник и тоа веднаш. Тоа е најмалку што може да стори од морални причини. Само на тој начин Богоевски ќе докаже дека има намера да остави истрагата против него да се одвива непристрасно и без влијанија“. Ова денеска на прес-конференција го истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Павле Богоевски веќе нема кредибилитет да ги претставува граѓаните во законодавниот дом. Постојат сериозни сомненија дека конзумира наркотици и можно е одлуките кои ги носи да се под влијание на недозволени супстанци. Павле Богоевски со своето однесување сериозно го нарушува и кредибилитетот на Собранието. Богоевски вчера призна дека извршил кривично дело, купувајќи недозволени супстанци. На снимка која излезе на интернет се слуша Богоевски, кој како што пишуваат медиумите нарачува половина грам кокаин. Дали набавувал кокаин или нешто друго, не ја менува суштината. Богоевски извршил кривично дело и беше откриен преку свиркач“ - рече Стојаноска.

Таа истакнува дека „Доколку Богоевски беше чист и немал користено наркотици, сигурно уште вчера јавно ќе извршеше наркотест“. 

0 Коментари

Остави коментари