Дадилката која претепа двегодишно дете пренесена во Шутка
Дадилката која минатата недела претепа двегодишно дете е спроведена во затворот во Шутка. Претходно нејзе и беше одредена мерка 30 дневен притвор. Таа ќе одговара за кривично дело запуштање и малтретурање дете за кое е предвидена затворска казна од една до 10 години.
Настанот се случи во четвртокот кога сопственик на игротека пријавил дека при преглед на безбедносните камери било забележано како женско лице во самата игротека малтретира дете.