Дачиќ: Големите сили веќе разговараат за Косово
Foto

Дачиќ: Големите сили веќе разговараат за Косово

Американците веќе изразија подготвеност да организираат церемонија за потпишување договор меѓу Белград и Приштина и да повикаат и други држави, вели Ивица Дачиќ министер за надворешни работи на Србија, во интервју за Политика.

Тој доддава дека советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон за тоа разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин и Сергеј Лавров.

– На нив им е цел Русија да е согласна и да учествува во тоа, освен оној дел кој го води Европската унија. Големите сили мора да бидат гарант на догвороот бидејќи тој мора да помине и во Советот за безбедност на ОН, истакнува Дачиќ.

Она што е минимум е во СБ да се донесе нова резолуција наместо 1244 и тоа врз основа на договори кои Белград и Приштина ќе ги постигнат.

Кога станува збор за дијалогот, Дачиќ вели дека целиот преговарачки процес е во целосна дефанзива и пат-позиција и за продолжување потребно е Приштина да ги укине таксите.

0 Коментари

Остави коментари