„Дабл-дабл“ за Мерцедес, Хамилтон победи во Бразил
Foto

„Дабл-дабл“ за Мерцедес, Хамилтон победи во Бразил

И овој викенд Мерцедес слави титула, овој пат во конкуренција на конструктори. На трката за големата награда на Бразил победи Луис Хамилтон и ја завери доминацијата на својот тим, кој петта година едно подруго има двојна круна. Британецот ја прослави 82. победа во својата кариера и десетта оваа година, што ќе рече се радувал на точно педесет отсто од трките. Овој пат не беше самиот целосно заслужен, туку во прилог му излезе излетувањето на Макс Ферстапен. Холанѓанецот од Ред бул имаше беспрекорна трка се до 53. круг, кога излета во дуел со Естебан Окон, кого го престигнуваше за цел круг. До крајот успеа само да се доближи, но не и да го загрози хамилтон и, сепак, да заврши втор. Третото место на подиумот го освои Кими Раиконен, одбивајќи ги нападите на четвртопласираниот Даниел Рикардо. МерцедесОва беше претпоследна трка во календарот, финалето на сезоната е за две недели, во Абу Даби

0 Коментари

Остави коментари