Дабл-дабл на Вајли за Сарагоса, но Димитријевиќ со 19 поени му носи триумф на Хувентуд
Foto

Дабл-дабл на Вајли за Сарагоса, но Димитријевиќ со 19 поени му носи триумф на Хувентуд

Хувентуд славеше против Сарагоса со 100-95 во одличен натпревар во кој едни од најдобрите кошаркари на паркетот беа македонските репрезентативци Џејкоб Вајли и Ненад Димитријевиќ.

Екипата на Димитријевиќ имаше водство во најголемиот дел од првата четвртина, но Сарагоса израмни на 19-19, по што избега на шест разлика (25-19), но набрзо Хувентуд влезе во ритам и врати со иста мерка (37-31). Сепак, на полувреме со предност од еден поен заминаа Вајли и неговите соиграчи.

Хувентуд повторно направи пресврт во третата четвртина и поведе со осум поени разлика (59-51), но потоа Сарагоса го сврте дуелот во нивна корист (66-64).

Голема борба се водеше и во последната четвртина, при што Хувентуд му избега на ривалот во завршницата и триумфираше со 100-95.

Вајли постигна 21 поен, 10 скокови и една асистенција за Сарагоса, додека Димитријевиќ имаше 19 поени, еден скок и пет асистенции.

0 Коментари

Остави коментари