Дабл-дабл на Адетокунбо за десетти триумф на Милвоки
Foto

Дабл-дабл на Адетокунбо за десетти триумф на Милвоки

Предводени од Јанис Адетокунбо, тимот на Милвоки ноќеска забележа победа на гостувањето кај Чикаго со 115:101. Гркот средбата во „Јунајтед центар“ ја заврши со 33 поени и 10 скока.

За Милвоки ова е 10.победа од почетокот на сезоната, додека Чикаго го претрпи десеттиот пораз.

Резултати на НБА натпреварите одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник:

Њујорк – Кливленд 123:105

Бруклин – Индијана 86:115

Торонто – Шарлот 132:96

Чикаго – Милвоки 101:115

Хјустон – Портланд 132:108

Далас – Сан Антонио 117:110

Феникс – Бостон 85:99

Јута – Минесота 102:112

ЛА клиперс – Оклахома 90:88.

Во Западната конференција води ЛА лејкерс со 11-2 (победи-порази), пред Хјустон кој има 11-3

Лидер на Исток е Бостон со 11-2, пред Милвоки кој има биланс 10-3.

0 Коментари

Остави коментари