Да трчаме за децата со Даунов синдром – „Run for down“
Foto

Да трчаме за децата со Даунов синдром – „Run for down“

По повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром, хумани граѓани, претставници на компании денеска заедно со дечињата со Даунов синдром, нивните семејства и пријателите се приклучија кон хуманитарна трка „Run for Down“ што ја организираше Мечувалскиот клуб „Ескрим“. 

Претседателката на клубот „Ескрим“, Билјана Николовска Кузмановска посочи дека има одличен одзив на годинешниот настан кој се оджува четврта година по ред.  

Собраните средства од хуманитарната трка која се одржа во Градскиот парк на која учествуваа над 600 граѓани ќе бидат наменети за доопремување на Дневниот центар за лица со Даунов синдром. 

0 Коментари

Остави коментари