Да се воведе данок за кучиња кои не се кастрирани или стерилизирани!

Хаосот со бездомните кучиња во Скопје, но и на цела територија на Македонија би се решил само со измени на актуелното законско решение, сметаат од Јавното претпријатие Лајка.

Континуираното зголемување на бројот на кучиња скитници во главниот град се должи на неодговорното чување на домашните миленици.

Од Лајка предлагаат да се воведе данок на секое куче кое не е стерелизирано и кастрирано. Во моментов во Скопје има околу шест илјади бездомни кучиња, а граѓаните дома чуваат околу 130 илјади кучиња.