Да се донесе законот за воведување на државна награда „Блаже Конески“

Не можеше да постои Блаже Конески ако пред него не постоеја Св.Климент и Св. Наум Охридски, ако пред нив не постоеја браќата Кирил и Методиј, ако пред него не постоеше големиот Крсте Петков Мисирков, ако не постоеше Кочо Рацин и многу други пред него но и многу други што ќе следат по нив, велат нашите истакнати професори Максим Каранфиловски и Атанас Конески.

Потенцираат дека пратениците потребно е да с еодважат и достоинствено да го крунисаат ликот и делото на Блаже Конески со тоа што ќе го изгласаат законот за воведување на државна награда Блаже онески. 

7 и 8 декември остануваат врежани во македонската историја да потсетуваат само и само на физичкото отствуство на две важни личности кодификаторот на македонскиот јазик Блаже Конески и на еден од најистакнатите ученици на браќата Кирил и Методиј а тоа е основоположникот на охридската книжевна школа Св.Климент.