Д-р Пановски: Фасцинантни се резултатите на тие што ја примија првата доза од „Фајзер“ вакцината

„Ако издржат болниците со вакви мерки, мислам дека се доволни за да се спаси економијата. Не гледам што ќе се случи ако полицискиот час е од 17 часот. Комплетно затворање три дена ќе наиде на голем отпор кај населението. Далеку сме од масовно вакцинирање, па ако се зголеми полицискиот час, само ќе се зголемат проблемите. Добро е што е стопирана „Астра Зенека“. Петпати е поевтина од „Фајзер“, индикативно е што баш таа е стопирана. Нема доказ да се поврзе тромбозата со таа вакцина. Треба да се види дали е коинциденција. Вакциниран сум со „Фајзер“, и моите колеги се вакцинирани со таа вакцина. Фасцинантни се резултатите на тие што ја примија првата доза. Антителата се многу високи, втори податоци кои ќе ги ставам на ранг листата е „Спутник“. По 21 ден, на стотици вакцинирани антителата беа многу високи, со антитела над 100“ - вели проф. д-р Никола Пановски, микробиолог во Студио 10 на ТВ24.