Д-р Даниловски за ТВ24: Звучи како хорор филм, но Ковид 19 остава трајни последици врз здравјето
Foto

Д-р Даниловски за ТВ24: Звучи како хорор филм, но Ковид 19 остава трајни последици врз здравјето

Звучи како хорор филм но Kовид 19 остава трајни последици врз здравјето, вели доктор Даниловски во интервјуто за ТВ24. Според него Ковид 19 не е обично грипче и мора сите строго да се придржуваат до мерките и да не се разниша моменталната состојба која е стабилна но кревка. 

„Токму наставата со физичко присуство, и на најмалите, кои тешко можат да бидат постојано дисциплинирани, може да ја разниша стабилноста и да допринесе до влошување на состојбата, која дополнително ќе биде влошена и со појавата на сезонскиот грип. Хазард е да се игра со децата“ изјави Даниловски во пресрет на соопштување на одлуката за почеток на учебната година.

0 Коментари

Остави коментари