Д-р Чибишев: 18 лица побарале помошпоради вдишување на чад, а шест лица се хоспитализирани

Здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици од пожарите -велат од Министерството за здравство. Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри и резервирани се транспортни капацитети за итни случаи. Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев вели дека 18 лица побарале помош, а шест лица се хоспитализирани.