Д.Н.О со прв акустичен концерт по 20 години

Скопската група Д.Н.О вечерва со почеток во 20:30 часот ќе го одржи својот прв акустичен концерт, на 25 Мај - Денот на младите, во кино Фросина – Младински културен центар (МКЦ).

Овој концерт претставува редок и интимен музички настан, во кој бендот ќе се претстави во поинакво светло – со акустични аранжмани и поблиска комуникација со публиката. Настанот е замислен како специјална вечер со емоции, приказни и нова димензија на познатите композиции на Д.Н.О.

Д.Н.О  е алтернативен рок бенд од Скопје, формиран на почетокот на 2000-тите. Со својот карактеристичен психоделичен и ретро-инспириран звук, бендот гради култен статус на независната музичка сцена во Македонија. Нивната музика комбинира елементи од алтернативен рок, пост-панк и психоделија, често обоена со носталгичен дух на 80-тите и 90-тите. Познати се по енергични настапи во живо и автентична сценска естетика.