Д ФЕСТИВАЛ СО СПЕКТАКУЛАРНА ЗАБАВА ПРЕД САМИОТ ФИНИШ

Викендов на плажите на Дојранското Езеро се одржува деветтиот по ред „Д фестивал“ на кој настапија повеќе од 50 македонски и странски музички изведувачи. Овој фестивал се издвојува со својот музички профил како и уникатен open-air концепт. Посетителите во текот на трите фестивалски дена, во кампусот на фестивалот имаат простор за релаксирање, одморање и дружење, како и дополнителни активности.

Фестивалот има четирите бини, штандови за кафе, веганска храна, како и терени за кошарка, тенис, arrow tag.

Главни везди кои ја вжештија атмосферата фестивалот беа раперите Vojko V и Страјк, а во подоцнешните часови публиката уживаше со Offenbach и Кирил Џајковски.

Единствениот инцидент з време на фестивалот била тешачката помеѓу четворица скопјани кои синоќа по полноќ се степале поради паркинг. Од МВР соопштија дека против сите четворица ќе бидат поднесени соодвените поднесоци за нарушување на јавниот ред и мир.