Цветковиќ: Феминизмот и иницијативите за родова еднаквост се постојани и немаат рок на траење
Потребата за социјална, економска и родова рамноправност и понатаму е присутна, но се посилна е и желбата за ослободување од предрасудите и стереотипите. Овие негативни фактори се присутни во целокупното општество и се уште го диктираат и влијаат врз животот на жените.
Благодарение на прогресивните и силните жени, на феминистичкото движење и многу граѓански организации, денеска се забележуваат одредени подобрувања, но сепак вели дека кога станува збор за правата клучно е да се внимава не само на појава на стагнација, туку и на уназадување, вели за Студио 10 Ирена Цветковиќ, извршна директорка во Коалицијата „Маргини“.
- „За нас е важно да се движиме напред. Стравот постои и е врзан со можноста не само од стагнација, туку и од регрес. Дури и во однос на правата, еднаш добиените права не се засекогаш дадени права. Јасен пример за тоа се менувањата на законските регулативи поврзани со абортусот низ светот. Токму затоа, феминизмот и иницијативите за родова еднаквост се постојани и немаат рок на траење.“, изјави Цветковиќ.