ЦУК: МЗ да го санира урнатиот ѕид кај Детската клиника
Санацијата на Полуурнатиот ѕид кај детска клиника е во надлежност на Министерство за здраство велат од Центар за управување со кризи каде се одржа координативен состанок за опасноста од моменталната состојба, бидејќи е ограда на еден објект од комплексот унивeрзитетски клиники, појаснува Драги Тарчуговски, државен советник во Центарот за управување со кризи.
Од министерство за здравство за телевизија 24 велат дека тие воопшто не биле запознаени дека денеска ќе биде одржан состанокот ниту пак биле поканети.
- Ве информираме дека секторот во Министерсвото за здравство воопшто не е е запознаен дека денеска имало состанок, ниту пак некој од секторот бил поканет да присуствува. Исто така не е пристигната ниту покана до заменик министерката д-р Маја Манолева за денешниот координативен состанок во просториите на Центар за Управување со кризи ( ЦУК ) во однос на потпорниот ѕид на Клиничкиот центар во Скопје. - велат од Министерство за здравство.
Од другата страна пак уверуваат дека биле уредно поканети и од Здравство. Како што биле поканети и претставниците на Град Скопје и на Општина Центар, но третите не дошле.
Дел од потпорниот ѕид се урна на 10 јуни, а институциите Министерство за здравствo, Град Скопје и Општина Центар со денови се правдаа и негираа кој е надлежен, а кој не е надлежен. Но, и тоа нема да биде брзо. Решението проблемот може да трае цело лето. Според она што произлезе на состанокот.
Најпрво Министерството за здравство треба да ја поправи оградата. Местото да се обележи како опасно за минувачите и возачите, по што, општина Центар и град Скопје да се договорат како ќе ја решат каптацијата на површинската вода од улицата „Белградска“ што е зафат од околу 700-800 метри, но и за тоа нема буџет, односно ниту Град Скопје, ниту Општина Центар не предвиделе пари за ваков зафат.