Црвенковски во друштво со Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и кандидатка од ЗНАМ, Филипче го прашува дали е СДСМ или не
Бура од реакции предизвика заедничката фотографија на поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенкоски со пратеникот Саше Доневски и градоначалникот Пецаков од владечката ВМРО ДПМНЕ. Дружбата е регистрирана во охридски ресторан
Од Кабинетот на поранешниот претседател Црвенкоски првично најавија став за фотографијата, но до емитување на вестите од кај нив не пристигна никаков одговор
За фотографијата сегашниот лидер на СДСМ Филипче упати куса порака до Црвенкоски - користејќи негова позната изјава
Градоначалникот и кандидат за нов мандат за Охрид од ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков за телевизија 24 со краток одговор за средбата
Кирил Пецаков градоначалник на Охрид: Сосема случајна средба во угостителски објект полн со луѓе
Поранешниот претседател Црвенковски најверојатно во истиот ресторан е фотографиран со Марина Ѓорговска носителка на советничката листа на ЗНАМ за Охрид. Сликата на нејзиниот фејсбук профил лично ја објави Ѓорговска и напиша
„Со најдобриот и посебен лидер , кафе во најубавиот Охрид“, напиша Ѓорговска.
Бранко Црвенковски основач на СДСМ, подолг период не се појавуваше во јавниот и политичкиот живот. Но неговото име тесно се поврзува со партијата на Максим Димитриевски, а сега јавно носителот на советничката група од ОХРИД од ЗНАМ упати пофални зборови за долгогодишниот претедател на СДСМ
Црвенковски го замрзна своето членство во СДСМ незадоволен од тогашниот лидер на партијата Зоран Заев
„Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ. До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, повика тогаш Црвенковски.

