Црвен аларм за пожари во Македонија
За в недела попладне (9 август) е зголемен ризикот од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок Fire Weather Index (FWI), што означува метеоролошки индекс за опасност од појава на пожари, информира Центарот за управување со кризи(ЦУК).
Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни. Тоа се пожарите во Горно Лисиче, Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, како и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде е зафатена депонија.што се зголемува и овој индекс.

