Црногорската Влада бара помош од НАТОПочна поставувањето на монтажна болница во Централ парк во Њујорк
Foto

Црногорската Влада бара помош од НАТОПочна поставувањето на монтажна болница во Централ парк во Њујорк

Владата на Црна Гора побара помош од НАТО за борба против новиот коронавирус во вид на санитетски материјал.

Барањето е испратено до Евроатлантскиот центар на НАТО за координација на одговори за справување со катастрофи (ЕАДРЦЦ) и од сите членки на Алијансата се бара да помогнат доколку се во можност со над 5,6 милиони хируршки маски, околу половина милион маски со П2 и П3 филтри, околу 6,5 милиони ракавици, околу 250.000 очила и визири, над 336.000 хируршки мантили, 150.000 водоотпорни мантили и престилки, како и еден милион хируршки капи за еднократна употреба.

Освен тоа, се бараат и 320 респиратора, 20 бронхоскопа, 40 ларингоскопи, 20 аспиратора, 50 ЕКГ апарати и два дефибрилатора.

 

НАТО како организација не поседува резерви на респиратори и друга медицинска опрема, но помага на други начини, како што е логистика и транспорт.

0 Коментари

Остави коментари