Црни ковид статистики, се чекаат резултати од надзорите
Смртноста од коронавирусот во земјава продолжува да расте. За само една недела 172 пациенти го изгубија животот поради комликации од коронавирусот. Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува зголемување на смртноста за дури 35 проценти во споредба со претходната недела.
Дел од лекарите кои ги контактираше ТВ 24 одбиваат да ја коментираат смртноста во земјава. Микробиологот д-р Никола Пановски кој неодамна го покрена прашањето околу протоколите на лекување на пациентите со КОВИД во земјава вели дека веќе нема да дава изјави во јавноста на оваа тема, откако Лекарската комора реагирала дека лекари кои не работат со пациенти не треба да даваат изјави со кои кои како што тврдат се ширело страв и паника...
Сепак по големиот број на смртни случаи на млади пациенти, но и откако дел од семејствата обвинија за медициска негрижа, здравствениот инспекторат почна да истражува дали има пропусти во системот и протколите на лекување кај дел од починатите пациенти од КОВИД. Од ДЗСИ до сега нема никакви конкретни информации и резултати од овие надзори.
Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ предлагаат државата да побара меѓународна помош од инфектолози и епидемиолози од земји кои што успешно се справија со епидемијата но и јасни протоколи на лекување кои што ќе бидат достапни на сите лекари кои работат со КОВИД пациентите.
„Потребни се јасни протоколи за лекување на пациентите, бидејќи сега се наоѓаме во состојба кога пациентите со КОВИД ги лекуваат не само инфектолози кои се најстручни и анестезиолози туку ги лекуваат и другите гранки како што се интернистите, сето ова бидејќи расте бројкот на заразени случаи налага да имаме јасни чисти кристални протколи кои што ќе бидат достапни до сите лекари. Протоколите ќе ја олеснат состојбата и ќе го подобрат логистички третманот на пациентите. Исто така потребни се правилни насоки на движење на пациентите и на крај ќе кажам нас ни треба меѓународна помош десет до 15 и нфектолози или епдемиплози кои ќе дојдат од Кина или од друга земја која успешно се справува со епиодемијата и кои ќе ни помогнат како да се справивме со ковидот, а не да остАнаме во сосотјба кога ќе учиме само од своите грешки.“ - вели д-р Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО- ДПМНЕ.
Од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ дополнително предлагаат да се воведе карантин за време на викендите со што велат ќе се намали бројката на новозаразени и хоспитализирани пациенти.
Дополлнително велат мерките не треба да се носат само на хартија туку и во пракса да се контролираат и санкционираат. Според последните податоци на МЗ од почетокот на епидемијата до сега во Македонија починаа 1 376 пациенти со КОВИД 19.