Црна точка: Двајца загинаа на автопатот во изградба Кичево - Охрид
Уште една сообраќајна незгода со фатален исход на автопатот во изградба. Две лица од Кичево утрово ги загубија животите кај селото Ботун во близина на Охрид откако возилото излетало од патот и паднало во реката Сатеска информираат од СВР Охрид.
Децениската изградба на оваа траса го зголеми бројот на сообраќајки изминативе години а нејзината доизградба е клучна првенствено за безбедноста на граѓаните па потоа и за индустрискиот развој.
,,Јас да вложам толку пари би бил секој ден на автопатот, заедно со нив би работел за што побрзо тој автопат биде завршен затоа што тоа е препород за овој регион, тоа е препород за Македонија,за неколку индустриски гранки и ние треба сите да бидеме сконцентрирани и да помогнеме на тоа." - Бранко Азески претседател Стопанска комора.
Се поизвесно е дека овој автопат кој досега државата ја чини околу 600 милиони евра, ќе доживее ново поскапување.
Оваа делница направи големи финансиски загуби и врз туризмот. Од туристичкиот сектор очекуваат дека овојпат Властите ќе си го одржат ветувањето и дека автопатот од 57 км ќе биде довршен до 2026 год.