Црна Гора планира да ги отвори границите за државите од регионот
Foto

Црна Гора планира да ги отвори границите за државите од регионот

Намалениот број на туристи се чини ја примора црногорската влада да ја разгледа опцијата за отворање на границите за државите од регионот.

Според заменик-директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Горан Бегиќ, во моментов се разгледуваат понатамошните чекори во однос на ажурирањето на листата на држави кои ќе можат слободно да влезат во земјата.

„Не смееме да заборавиме на потенцијалните бројки на луѓе кои би дошле во Црна Гора и за тоа мора да се води сметка. Размислуваме да ги отвориме границите и условите под кои границите можат да се отворат на начин кој ќе го минимизира епидемиолошкиот ризик по граѓаните на Црна Гора.“ - изјави Бегиќ, за црногорските медиуми.

0 Коментари

Остави коментари