Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани
Foto

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Црна Гора од утре ќе ги отвори границите за граѓаните на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, изјави директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша.

-За влез во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен ПЦР тест или серолошки тест ЕЛЕСА, изјави Мугоша во гостувањето на утринската програма на телевизијата „Вијести“.

Според него, одлуката за отворање на границите е донесена на барање на туристичката заедница.

Начините за влез во земјата треба да ги одреди денеска на седница Националното координативно тело.

0 Коментари

Остави коментари