Црн ковид биланс - 98 заболени, 9 починати, меѓу нив и млади луѓе
Foto

Црн ковид биланс - 98 заболени, 9 починати, меѓу нив и млади луѓе

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-50, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-5, Тетово-7, Струга-3, Велес-1, Битола-4, Охрид-2, Гостивар-1, Струмица-9, Крива Паланка-1, Кочани-1, Берово-1, Делчево-2, Кичево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-46, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-9, Велес-1, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-2, Кочани-2, Македонски Брод-5, Пехчево-4, Берово-4, Виница-2, Делчево-6, Свети Николе-1, Кичево-2.

Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г),  двајца од Струмица (29г и 44г). Oд нив 8 се починати во болнички услови, една пациентка од Струмица при транспорт кон Скопје.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925,  бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846. 

Направените 1404 теста се преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-28, Авицена-253,  Биотек-239, МАНУ -163, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Систина со PCR метода -179, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-16, ЦЈЗ Битола-39, Инфективна клиника-3, ГАК-15, Синлаб-15, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  4 деца и 5  мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 33 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 16, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 149, позитивни и сомнителни на ковид-19.

0 Коментари

Остави коментари