Црн биланс од разорниот земјотрес: Повеќе од 5000 загинати, со земја срамнети скоро 6000 згради

Катастрофален биланс по разорниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија. Повеќе од 5 илјади починати, илјадници унипштени домови, згради, болници, автопати, цели населби срамнети со земја е она што остана по најсилниот земјотрес во регионот во последните неколку децении.

Спасувачките екипи во потрага по преживеани, очајни повици и молби за помош се слушаат од остатоците од зградите. На минусни температури и без храна и вода, службите за итна помош не се откажуваат се додека има шанси да се најдат преживеани.

Загубите се огромни, а црниот биланс на крајот би можел да биде неколкупати поголем од првичните прогнози. Во 10 провинции погодени од катастрофалните земјотреси прогласена е вонредна состојба.

„Мојата сопруга е таму. Човек никогаш не треба да изгуби надеж, но најверојатно таа е почината. “

„Зградата имаше седум спратови. Ја барам мојата снаа, две од моите внуки и внуци

Состојбата не е ништо подобра ниту во Сирија. Алепо, градот разурнат од долгогодишната граѓанска војна, меѓу најтешко погодените. Стотици згради се оштетени или уништени а под урнатините заробени се илјаадници луѓе. Од час во час расте бројот на починати, а преполни се и болниците во северна Сирија. Дополнителен проблем е поделеноста на земјата. Владината помош не стигнува на северот а територијата која е под контрола на бунтовниците, не може сама да се справи со неасреќата.

„Ситуацијата е многу лоша, многумина се уште се под урнатините. Потребна ни е помош веднаш, особено медицинска помош.“ - вели д-р Маџди Ибрахим хирург.

Тлото под Турција и Сирија не престанува да се тресе. 500 земјотреси од кој дури 31 со јачина над пет степени според Рихтеровата скала региастрирани во изминативе 24 часа. Сеизмолог од Универзитетот во Турција, успеал да го снимил звукот на земјотресот што го погоди регионот.

Светот се мобилизира за да им помогне на настраданите. Аеродромот во Истанбул преполн со волонтери и членови на спасувачки тимови подготвени да се приклучат во потрагата по преживеани но и да се помогне на повредените чиј број веќе надмина 20 илјади. Земјотресот, чиј центар беше во Југоисточната Турција, го почиствуваа и жителите на Дамаск, Бејрут и Каиро.