Црквата не го одлачи новинарот Марјан Николовски?!
Новинарот Марјан Николовски денеска, како што рече, не се појави во Канцеларијата на скопската епархија, каде беше повикан на доказно рочиште од страна на Синодот на 26-ти месецов, со цел да пласира докази за своите пишувања на пореталот Религија.мк.
Портпаролот на Синиодот, владиката Тимотеј, за ТВ 24 рече дека ова не било синодска одлука, зашто Синодот ниту имал обвинител ниту суд и дека обвинител и суд имаат епархиите и архиепископијата. Од кабинетот на поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан велат , немаат никакви сознанија за таквата евентуална одлука на Синодот. И додека црквата денеска молчи по однос на барањето за сослушување на Николовски, тој и натаму ја брани својата позиција и правото на слободно изразување и дека ако некој се чувствува засегнат треба да го пријави пред граѓански суд.
За црковно-судските постапки како новинар, Николовски вели дека не добил повратна официјална информација што се случило денеска, но очекува да добие како што и претходно ја добил и поканата за денешното рочиште.
„Не ми паѓа на крај памет како новинар да одам по црковни судови. Постојат граѓански судови, ако некој се почувствувал навреден од моите пишувања. И нормално денеска не се појавив. Според моите информации, се одржало доказното рочиште во Архиепископијата. Таму биле присутни двајца владици, Григориј и Петар, веројатно едниот во својство на обвинител, другиот во својство на оној кој што треба да пресуди. Немам повратна информација што се случувало. Очекувам да добијам, исто како што добив и официјална покана за што одлучил Синодот против мене.“ - вели Николовски.
Реакциите и на социјалните мрежи не стивнуваат. Недолични коментари и напади против новинарот и неговиот личен печат, а против истите Николовски потенцира дека ќе го извести Министерството за внатрешни работи.
„Проблематичен аспект кој се појавува на социјалните мрежи, каде што одредена група на свештеници, нивни фанатизирани верници, кои што се веројатно иструирани од страна на дел од клирот на македонската православна црква почнуваат. Легитимно ќе го известам Министерството за внатрешни работи поединечно со име и презиме и на свештениците кои пишуваат на социјалните мрежи со закани и на верници за кои што ги знам и познавам и на луѓе блиски до одредена политичка парија која што изминатиов период беше актуелна во јавноста поради случајот со нејзиниот лидер и нејзините членови.“ - вели Николовски.
Според тужбата покрената против новинарот Марјан Николовски, тој е обвинет за ширење омраза кај верниците со што Синодот го доведувал во опасност.