ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Редовен конгрес во ноември

Редовниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во ноември, одлучи вечерва Централниот комитет (ЦК) на партијата.

Централниот комитет ја отфрлил Иницијативата за одржување вонреден конгрес на 28 март што денеска ја поднесе Иницијативниот одбор во кој членуваат дел од поранешните високи функционери и сегашни истакнати членови на партијата.

Како што соопшти Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, нивен противник е Зоран Заев, а целта е рушење на неговиот „хибриден режим“.

Централниот комитет уште еднаш го потврдил ставот дека „пописот се злоупотребува од власта за политичка пресметка и се користи како димна завеса да се одвлече вниманието од обидот за фалсификат кој се прави во позадина, како и за дефокус од останатите теми кои ги загрижуваат граѓаните“.