Ципрас во Москва - меѓу темите на разговор и Преспанскиот договор
Foto

Ципрас во Москва - меѓу темите на разговор и Преспанскиот договор

Имаме многу важен договор со северните соседи, договор што се однесува на перспективата на соработка и мир во регионот, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервјуто за руската емисија „Formula of Power“. Според Ципрас, Договорот од Преспа не е поврзан со одлуката на Македонија да влезе во некоја меѓународна организација, туку е поврзан со решавањето на едно историско прашање“.

„Верувам дека ова ќе им овозможи на голем број земји во светот, вклучувајќи ја и Русија, да престанат да ја признаваат под нејзиното денешно уставно име, односно името Република Македонија, туку ќе ја стават географската одредница Северна Македонија, бидејќи Македонија за нас е многу важен елемент на нашето античко- грчко, културно наследство и култура, па така, тука треба да постои јасна и искрена поделба“ - порача грчкиот премиер.

Ципрас денеска престојува во официјална посета на Москва, а како што соопштија од неговиот кабинет, една од темите на разговор со Владимир Путин би можел да биде и  Договорот од Преспа. Денешната посетата на Ципрас на Русија, се очекува да ги затопли односите меѓу Москва и Атина,откако во текот на летото Грција протера двајца руски дипломати, а на двајца други да им забрани влез во државата.

А во интервју за грчките медиуми, рускиот минисер за надворешни работи порача дека со директна вмешаност на странски дипломати, беа наметнати уставните измени во Македонија. Лавров вели дека е очигледна големата интервенција на НАТО и Европската унија во внатрешните работи на државата.

„Референдумот, како што е познато, не успеа. Во оваа ситуација собранието, на 19-ти октомври, со уценување и поткуп на пратеници беа наметнати уставни измени, со директна вмешаност на странски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот на САД што е таму. Сега се прават интензивни напори за процесот да добие конечен облик на почетокот на 2019 година“ - вели шефот на руската дипломатија.

Во однос на регионот, шефот на Руското МНР смета дека ситуацијата на Балканот предизвикува загриженост, бидејќи НАТО и ЕУ им поставуваат дилема на земјите.





0 Коментари

Остави коментари