Ципрас: Овој договор е во корист на земјата, ја надградува, ѝ дава динамика
Foto

Ципрас: Овој договор е во корист на земјата, ја надградува, ѝ дава динамика

Климата што се создава во грчкото општество е дека Договорот од Преспа е во корист на земјата и покрај несогласувањата што постојат и ќе го добие потребното мнозинство во грчкиот Парламент, изјави премиерот на Грција, Алексис Ципрас, во интервју за грчката телевизија „Алфа“. Ципрас вели и дека доколку лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис би им дозволил на пратениците да гласаат, тогаш мнозинството би било уште поголемо.

„Договорот ќе помине поради една причина, затоа што и последниот граѓанин – ги почитувам чувствителноста, реакциите, несогласувањата – започнува да сфаќа дека и покрај тешкотиите и покрај проблемите, овој договор е во корист на земјата, ја надградува, ѝ дава динамика.“ - изјави Ципрас.

Силни пораки и предупредувања пристигнаа по конгресот на Европската народна партиja во Хелсинки. Еврокомесарот Јоханес Хан по средбите со  двете делегации на ВМРО-ДПМНЕ и онаа предводена од Мицкоски и другата од  Богојевски се огласи на Твитер:

„Бев кристално јасен дека ратификацијата на договорот од преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки, на еу интеграции им е потребна конструктивна опозиција.“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак го информирал еврокомесарот за политичкиот прогон и злоупотребата на правосудството против ВМРО-ДПМНЕ. 

0 Коментари

Остави коментари