Циндриќ најави медал од СП, Македонија ја смета за лесен противник
Foto

Циндриќ најави медал од СП, Македонија ја смета за лесен противник

Екс-вардарецот, Лука Циндриќ, кој годинава беше прогласен за најдобар ракометар во Хрватска, во подготовките за Мундијалот кој наредниот месец ќе се одржи во Данска и Германија, вели дека „Коцкастите“ одат на медал.

„Одиме да освоиме медал, глупаво е да се зборува за петто или седмо место, тренираме да бидеме први и со таа цел одиме во Данска и Германија. Во последните неколку години не се закитивме со медал и не сме биле во финале, но тоа нас уште повеќе ни дава мотивација и многу сме гладни за медали и финале" - вели Циндриќ за хрватските медиуми.

Хрватите се во групата во Минхен заедно со Македонија, Исланд и Шпанија, Бахреин и Јапонија, но брзиот бек смета дека освен Скандинавците и Шпанците, другите репрезентации во групата ќе се лесен залак за „Ватрените“.

„Во минхенската група, Шпанија и Исланд се главни фаворити. Македонија, Бахреин и Јапонија не би требало да бидат голем проблем за нас. Најважно е на стартот да го совладаме Исланд, а потоа имаме лесни противници, за да на крајот да водиме битка за првото место со Шпанија“ - рече Циндриќ.

Дуелот меѓу Хрватска и Македонија е на 14 јануари.
 

0 Коментари

Остави коментари