Циклонот „Јанос“ пустоши во соседна Грција
Foto

Циклонот „Јанос“ пустоши во соседна Грција

Бурата „Јанос” позната како медитерански ураган денеска ја погоди западна Грција и поплави улици, сруши дрвја и ги остави островите Кефалонија, Закинтос и Итака без електрична енергија.

Противпожарните служби излегоа на 60 интервенции, претежно да испумпуваат вода од домовите и продавниците. Брод потона во Кефалонија поради големите бранови.

Градоначалникот на Кефалонија, Теофилос Михалатос рече дека никој не е повреден, но оштетени се домовите, транспортната инфраструктура и системите за водоснабдување. Слично е и на Закинтос и Итака каде многумина останаа без електрична енергија.

0 Коментари

Остави коментари