Циклонот „Борис“ нема поекстремно да се одрази врз климата во Македонија

Драматична ситуацијата во Европа  поради поплавите  од циклонот Борис. Бројот на жртвите во поплавите се зголеми  на 15 лица, а станува збор за најголемите поплави во последните две децении на подрачјето од Австрија и Чешка. Во Чешка се евакуирани повеќе од 12 000 лица  , а четвртина од домаќинствата се без струја.

Во Романија поплавите викендов однесоа шест животи, додека во Австрија настрадале пожарникар и две лица на возраст од 70 и 80 години. Полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека владата планира да прогласи состојба на природна катастрофа во југозападните провинции на земјата. Многу жители чекаат до последен момент да ги напуштат своите домови, ризикувајќи го своето здравје и живот. Еден од драматичните моменти е снимен во Клоџко, Полска, каде што пожарникарите спасиле постара жена качувајќи се на покривот на поплавената зграда. 

На Будимпешта и се заканува најголемата поплава во последната деценија поради огромниот пораст на водостојот на реката Дунав, а властите веќе почнале да се подготвуваат за претстојната катастрофа.

Подготвени се милион вреќи со песок, а се очекува големиот воден бран да стигне утре наутро. Се затвораат за движење  кејовите.  Активен е трет степен на тревога од поплави, долж сите потенцијално опасни сектори покрај реката Дунав.Прогнозите велат дека водостојот на Дунав ќе го достигне, а можеби и ќе го надмине нивото на водата од 2013 година, кога Будимпешта беше погодена од невидени поплави. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ понуди помош, а српскиот премиер Вучевиќ  вели дека пикот го очекуваат за десетина ена. 

Австриската влада ја прогласи целата покраина  околу главниот град Виена и на границата со Чешка за област на катастрофа. Сообраќајот е делумно затворен, училишта се во вонредна состојба, многу улици се затворени а до некои згради можело да се стигне само со чамец.