Циципас прв финалист на Австралија опен

Гркот Стефанос Циципас е првиот финалист на Австралија опен, откако во денешното полуфинале во Мелбурн го совлада Карен Хачанов од Русија со 3-1 во сетови (7-6, 6-4, 6-7, 6-3).

За Циципас, четврто рангиран на АТП листата, ова ќе биде негово второ грен – слем финале во кариерата по Роланд Гарос во 2021 година.

Противник на 24-годишниот Циципас в недела ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел меѓу американскиот тенисер Томи Пол (АТП-35) и Србинот Ѓоковиќ, кој допатува во Мелбурн со цел да ја освои својата 22. Грен – слем титула.