Циципас го победи Тим и го освои Лондон
Foto

Циципас го победи Тим и го освои Лондон

Стефанос Циципас е освојувач на завршниот АТП-турнир во Лондон, откако во големото финале вечерва во „О2 арената“ го совлада Доминик Тим. 

Младиот грчки тенисер до победата дојде по три исцрпувачки сетови, односно меч што траеше 2 часа и 37 минути.

Првиот сет го доби Австриецот и тоа во тај-брејкот со 8:6. Циципас одигра маестрално во вториот сет, што го доби со 6-2 за да израмни на 1-1. Во решавачкиот сет повторно се играше тај-брејк, а овој пат Гркот беше подобар со 7:4.

Тој стана првиот грчки тенисер во историјата што го освоил завршниот Мастерс, а воедно ова за него беше деби настап на турнирот на најдобрите во годината. За него ова е вкупно четврта титула во кариерата и дефинитивно најголемата.

Foto

0 Коментари

Остави коментари