„Чуварите на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ - најдобар филм на “Киненова”

Осмото издание на меѓународниот филмски фестивал Киненова сподели приказни на бројни филмски автори кои ни подарија визуелни есенции што долго ќе ги прераскажуваме.

Меѓународното жири во кое членуваат еминенти имиња од Полска, Холандија и нашиот драмски писател Дејан Дуковски, наградата за најдобар филм му ја доделија на познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ „Чуварите на формулата“, кое ја окарактеризира како исклучителната и длабоко човечка приказна.