Чупиќ: Имавме свои моменти, но против големи екипи моменти не победуваат!
Foto

Чупиќ: Имавме свои моменти, но против големи екипи моменти не победуваат!

Вардарци загубија од Кјелце (29-33), но ако се слуша изјавата на Иван Чупиќ по натпреварот, тие имаат намера да научат од лекцијата која ја добија. Хрватското крило ги лоцира грешките и кажа дека треба против големи екипи не можат да поминат тие т.н. црни минути.

Чупиќ накратко го опиша натпреварот од почеток до крај, во неговите решавачки моменти, признавајќи дека нивните лични грешки и извонредните и навремени интервенции на Волв спречиле поизедначен финиш.

„Добро отворивме, добри воведни 15 минути, со 5-1 одбрана, со убава транзиција за да пробаме да го спречиме контра-нападот на Кјелце. Се подготвувавме за тоа и нормално ако грешиш тоа ќе се казнува. Сепак, ако играш брз ракомет, можеш и брзо да се вратиш. Во второ игравме 6-0 зона, за да не оставиме многу простор за пикер, со тоа да ги затвориме и Карачиќ и Душебаев. Дојдовме и до водство, имавме 6 на 4 играчи во еден момент, но Волф одбрани 2-3 зицери, ние направивме неколку глупости и екипа како Кјелце тоа не го пропушта. На десетина минути да губиш 2-3 разлика тие знаат како да ја чуваат и да го умртват натпреварот. Тоа е одлика на квалитетна екипа“, рече Чупиќ.

 Како искусен и мудар ракометар, кажа дека треба да се научи од оваа маестрална партија на неговиот поранешен тим, со кој ја освои Европа во 2016 година.

„Ни дадоа добар пример како и ние повеќе да се однсеуваме кон топката, некогаш дури и по цена да не е убава играта. На крајот на краиштата, се игра за два бода. Им честитам, денеска победи подобрата екипа. Ние имавме свои моменти, но против големите екипи не победуваат сам моменти. Против Кјелце, против ПСЖ, Веспрем, не можат да поминат тие црни минути“, коментираше хрватското крило, еден од подобрите вардарци на теренот, со пет гола.

0 Коментари

Остави коментари