Чулев: Подготвени сме да спречиме влез на нов бегалски бран
Foto

Чулев: Подготвени сме да спречиме влез на нов бегалски бран

Стравувањата од нов бран илегални мигранти од Сирија во земјава се реални, смета техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, откако Турција одлучи повеќе да не ги спречува сириските бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа по копно и море.

Чулев вели дека се ескалирањето на состојбата во северна Сирија, офанзивата на градот Идлиб во близина на турската граница, но и одлуката Турција да ја крене рампата за бегалците, опасноста од нова мигрантска криза постои.

Кризната состојба на јужната и северната граница на Македонија прогласена од поодамна е сеуште во сила, вели Чулев, кој сепак упати смирувачки тонови, дека службите се во постојана комуникација и се подготвени соодветно да реагираат.

Откако Турција ги пропушти бегалците, се отвори можност балканската рута на минување повторно да стане фрекфентна. Земјите од регионот веќе преземаат мерки, па така Грција и Бугарија го засилија обезбедувањето на границите на копно и море.

Пред повеќе од четири години земјава беше на работ на бегалска криза, кога илјадници илегални мигранти од завојуваните подрачја од блискиот исток дојдоа до грчко – македонската граница и се обидоа насилно да влезат во земјава. Претходно, колони илегални мигранти ја поминаа Македонија, најчесто движејќи се по пругата Гевгелија – Куманово, а крајната дестинација им беа западно европските земји.

0 Коментари

Остави коментари