Чучер - Сандево: На чекор до Скопје со услови за живот од 19 век
Foto

Чучер - Сандево: На чекор до Скопје со услови за живот од 19 век

Руралната општина сместена под падините на Скопска Црна Гора, Чучер Сандево, населена со мешан етнички состав од Македонски, Албанци и Срби, според пописот од 2002 година, опфаќа околу 8500 жители.

Во составот на општината има повеќе села, меѓу кои Бразда, Глуво, Сандево, Мирковци, Чучер, Кучевиште, Побожје и други. Општина богата со многубројни манастири и цркви, а за љубителите на планините и убавата природа, тука е и планината Скопска Црна Гора. 

Телевизија 24 беше во обиколка на оваа општина. На улиците низ селата не се забележуваа многу луѓе, само оние кои излегуваат да си ги завршат основните обврски. Со оние граѓани со кои разговаравме велат – досега се што се правело во оваа општина, не е доправено.  

За овие локални избори, трката за градоначалник ќе ја трчаат четворица кандидати, а  интересно е што за прв пат ќе има кандидат кој доаѓа од политичка партија. 

Сашко Комненовиќ е првиот кандидат од политичка партија кој доаѓа од редовите на СДСМ. Доколку го добие мандатот, тој на граѓаните на оваа општина им ги ветува основните средства за живот – вели, срамота е што досега тоа го нема во општината. Улици низ цела Скопска Црна Гора, канализација која некаде е започната, а незавршена, а некаде и ја нема.  

Вториот кандидат, Горан Чекаловиќ, е независен кандидат. Тој е вработен во МВР, а за себе вели дека е и земјоделец. Ова е втор пат како се кандидира Чекаловиќ. Вели дека во општината е застанато времето, веќе одамна и дека не е средена како што доликува на 21 век. Вели досега, останаа само празни ветувања. 

Третиот кандидат е Горан Рајчевски, исто така независен. За четврти мандат по ред ќе се бори и актуелниот градоначалник на општината, Јован Пејковски.  

Покрај овие четврорица кандидати за градоначалник, во општината има поднесено и осум листи за советници, меѓу кои четири независни, и по една од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

0 Коментари

Остави коментари