Чпвек на законот
Џеред Медокс е шериф на гратчето Банок. Тој ги следи убијците на Марк Корман. Корман и уште петмина биле вмешани во непромисленото убиство на старец, а Медокс има за задача да ги приведе. Тој го повикува шерифот на областа Сабат, Котон Рајан и бара петмината да му се предадат во рок од 24 часа. Рајан го предупредува Медокс дека петмината работат за Винсент Бронсон, богат сточар, и дека тој треба да се врати во Банок и да избегне смртоносна конфронтација. Медокс не е исплашен и го предупредува Рајан дека сигурно ќе ги убие ако не се предадат.