„Човекот гулаб“ на Константин Плевнеш прикажан на „Anatolian Short Film Festival“
Foto

„Човекот гулаб“ на Константин Плевнеш прикажан на „Anatolian Short Film Festival“

Филмот „Човекот гулаб“ на Константин Плевнеш синоќа беше прикажан во рамки на официјалната селекција на Интренационалниот фестивал на краток филм во Турција, „Anatolian Short Film Festival“.

Филмот во осум минути раскажува за потресната приказна на анонимниот херој Владимир Степановиќ, за крвавата драма на распаѓањето на бивша Југославија, низ сторијата на неговата фамилија.

„Човекот гулаб“ досега е селектиран на дваесеттина филмски фестивали во САД и Европа. Минатиот декември беше презентиран како претставник на европскиот истражувачки филм на фестивалот Doku Afrika, во Банги Централноафриканската Република.

0 Коментари

Остави коментари