Чолакоска донесе победа за Бадел и ја продолжи финалната серија во плеј офот
Кошаркарките на Бадел синоќа остварија победа од 71:69 во натпреварот број 3 од финалето од плеј офот. Тие на домашен терен ја совладаа екипата на Крива Паланка и намалија на 2-1 во победи за Крива Паланка.
Триумфот на Бадел беше остварен со кошот на две секунди до крајот на Ива Чoлакоска, која вкупно постигна 16 поени, а во решавачките моменти имаше смирена рака. Претходниот напад гостинките од Крива Паланка за водство не го реализираа, а по кошот на Бадел останаа уште две секунди и шутот на Глорија Груевска беше непрецизен.
Во првиот дел гостинката екипа беше подобра на теренот и полувреме водеше со 43:37, но Бадел веднаш го однесе натпреварот во резултатска неизвесност.
Најефикасна на дуелот беше Дијани Робинсон од Крива Паланка со 30 поени, но и со промашуваше во последниот напад, додека кај Бадел Ајрин Фриман постигна 25 поени.
Победата за Бадел и исклучително важна остварена без помошта на Јована Петрушевска и Марија Николов, двете поради повреди не играа.
Натпреварот број 4 се игра повторно во Скопје во деновите од викендот.

