Членовите на Судски совет можат да одговорат на интерпелациите, седница најверојатно на почетокот на март

Се чека одговорот од членовите на судскиот совет за кои во петокотот парламентарното мнозинство поднесе интерпелација за нивното работење. Според деловникот 5те члена на судскиот совет во наредните 10 тина дена ќе треба да дадат одговор а расправата за гласање на недоверба најверојатно ќе се најде на седница на почетокот на март.

Во меѓувреме  партитите се уште ги пеглаат партиските ставови  околку најавената интерпелација за која се потпишаа 67 пратеници од парламентарното мнозинство. Со оглед на бројот на потпишани пратеници се поизвесно е дека интерпоелациите на Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми ќе бидат изгласани. Со самото барање за гласање недоверба на овие членови на судскиот совет ставот на парламентарното мнозинство е јасен . 

ТВ 24 и денеска ги контакрираше дел од опозициските партии. Од Бихаќка пак велат дека свесни за  неопходноста од  реформи во правосудството но иницираат средба на сите собраниски партии за да се донесе соодветно решение а не решение кое би можело да се толкува како мешање на извршната во судската власт.

Факт е дека е потребна темелна реформа во правосудството. СДСМ бара заедничка средба на сите политички партии во Собранието и да се изгради натпартиски општ консензус бидејќи постои сериозна опасност ако еднострано се постапи во самата реформа и ризик од повторна партизација на правосудните органи.

Од Левица велат дека се уште не ги разгледале интерпелациирте за членовите на судскиот совет, но прашуваат дали ВМРО-ДПМНЕ создава простор за свои луѓе во рамките на ова тело.

 

ЛЕВИЦА 

 

  Најпрвин ќе ги разгледаме иницијативите за интерпелација пред да донесеме официјален став иако ние веќе предложивме измени во Кривичниот законик за кривична одговорност и  таквите измени можат да бидат многу попродуктивни за правосудниот систем. Се наметнува прашањето дали ВМРО ДПМНЕ преку интерпелацијата на членовите на судскиот совет сака да наметне политичко влијание врз неистомислениците во ова тело и да постави свои луѓе. 

 

Од Европоскиот фронт пак во разговор за ТВ 24 велат дека ова може да биде преседан кој ќе ја доразниша и така малата доверба во судството .

 

Европски фронт 

 

Се уште не сме ги погледнале интерпелациите но само по себе ова е преседан и мешање на извршната врз судската власт . Ова е партизација врз независните правосудни органи . 

 

Од ВМРО ДПМНЕ пак веќе посочија дека се свесни дека интерпелацијата не е обврзувачка но велат доколку биде изгласана членовите на судскиот совет треба да бидат свесни и да си поднесат оставки . 

На интерпелацијата потпишани се пратеници од ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ.